logo
logo
logo

Афера "Мафија": Русковска прво ќе го чека Спасовски, па потоа ќе делува!

Vecer | 06.04.2021

Афера "Мафија": Русковска прво ќе го чека Спасовски, па потоа ќе делува!

Ќе почекаме да видиме дали Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе отвори постапка за случајот „Мафија“, па ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас, оти најпрво треба да ѝ се даде шанса на надлежната институција.

Ова за Алфа го изјави јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска, а се однесува на аферата што вчера ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најмалку двесте пасоши со украдени идентитети што им ги издало македонското МВР на познати балкански нарко-босови и криминалци.

– Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка, па потоа ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција – изјави Русковска.

ВМРО-ДПМНЕ вчера брифираше дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, но повторно влегол и добил македонска лична карта.

„Спасовски најпрво треба да даде одговори како Седат Пекер и Јован Вукотиќ добиле македонски пасоши, а потоа и да си даде оставка, како ќе може Јавното обвинителство да отвори истрага против него, но и против Зоран Заев“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk