Адвокатката на обвинетите од Диво Насеље: Заев покажа машкост, истото да го побара и за кумановските настани

Артене Исени, адвокат на дел од осудените за тероризам од кумановските настани во Диво Насеље кои се случија на 9 и 10 мај 2015 година, реагираше во врска со обраќањето на премиерот Зоран Заев во Парламентот на Република Македонија, од каде што упати пораки и подаде рака за простување за собраниските настани од 27 април 2017 година.

Исени смета дека со овој апел Заев покажал машкост и цивилизираност и бара подадената рака за помирување и простување да ги опфати и осудените за тероризам од случајот "Диво Насење".

„Македонскиот Парламент отвори дебата за ратификација на Преспанскиот договор. Во своето обраќање премиерот Заев, една од жртвите и главната цел на нападот од 27 април 2017 година, упати повик до пратениците за прошка и ја подаде раката на помирување. Тој помина преку неговите и раните на неговите другари, кои се уште крварат заради европската иднина на земјата."

-Господине премиер на Македонија, видете ги јасно каузалните поврзувања на овие два настани. Со политичка волја и земајќи ги во предвид безбедноста и просперитетот на општеството и државата, простување и раката помирување мора да се подаде не само на партиските опоненти, туку и за учесниците во Кумановските настани. Со простувањето на настаните од 27 април Македонија покажува зрелост дека конечно со државата владеат демократи со европска ориентација. Со проштевањето за 9 мај, Македонија покажува капацитет за живеење во добрососедски односи и меѓудржавна безбедност со сите соседни земји, особено со Косово. Ова е во духот на Договорот Преспа – добрососедство и меѓусебно почитување, напиша Артене Исени на нејзиниот фејзбук профил.

Поврзани

Најнови вести

Коментари