logo
logo
logo

Аџибадем Систина има тестови за АНТИТЕЛА за одредување ИМУНИТЕТ од Ковид-19

Vecer | 11.05.2021

Аџибадем Систина има тестови за АНТИТЕЛА за одредување ИМУНИТЕТ од Ковид-19

Во „Аџибадем Систина“ воведен тест за IGG Spike неутрализирачки антитела зa одредување на имунитет oд Ковид-19

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе тест со најголема сензитивност и специфичност за квантитативно одредување на имуниот одговор кај вакцинирани пациенти и пациенти кои прележале Ковид-19.

Во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“ тестот се нуди по цена од 1000 денари по лице, 900 денари за тестирање на 3 или повеќе лица и 850 денари за групно тестирање на повеќе од 10 лица.

Станува збор за одредување нa неутрализирачки IgG антителa (S1 и S2 суб-единица на S“spike”) протеинот на SARS-CoV-2. SARS-spike COV-2 IgG (sCOVG)- неутрализирачки IgG антитела кон SARS-COV-2 се изработуваат на целосно автоматизираниот имунолошки анализатор Siemens Advia Centaur XPT.

Тестот е со висока клиничка специфичност и сензитивност. Определувањето на овој тип неутрализирачки антитела се важен клинички податок за имунолшкиот одговор на пациентите кон SARS CоV-2 вирусот.

Тестирањето се прави преку крв, а резултатите се добиваат за два часа.

Неутрализирачкиот IgG Spiкe (S1 – S2) антитела тест се препорачува да го направат сите кои прележале Ковид-19 и сите кои се имунизирале против вирусот, најмалку три седмици после примена втора доза од вакцината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk