Се кае Фатмир Меџити, вели поранешниот министер за здравство Беким Сали, кој за актуелниот министер, а во врска со случајот на разрешувањето на проф. д-р Сашко Јовев, вели дека е сега „Аџи пишман Меџити“.

Денеска го отпушта професорот, зашто мислел дека тој му правел штета на здравството па дури со својот претседател (на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. н.з.) споделил ‘вознемирувачки информации’ за директорот на Кардиохрирургија, за веќе утре да сака да го земе за свој советник зашто сега мисли дека е тоа ‘добро за Министерството за здравство’.

Па значи, одете е запознајте се со Фатмир Меџити! Со Аџи Пишман“, коментира поранешниот министер Беким Сали

Вчера Меџити на брифинг за новинарите изјави дека го повикува проф. д-р Сашко Јовев да биде негов советник за кардиорирургија и дека разрешувањето од функцијата директор на Државна кардиохирургија не значи дека нема да продолжи да работи во истата клиника како лекар.