Адеми во Трст со интерес за дијаспората и за продлабочување на економската соработка

Во рамките на тридневната посета на Република Италија, министерот Едмонд Адеми, задолжен за дијаспора, денеска оствари работни средби со претседателот на регионалниот парламент на Трст, Пјеуро Мауро Занин, и со потпретседателот Франческо Роко.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата се разговарало за одличните односи на регионот Трст, еден од најразвиените делови на северна Италија, со балканските земји во рамките на економската соработка, културата и традицијата.

Претседателот Занин го пренел интересот за продлабочување на односите со Република Македонија во областа на човековите ресурси, проектни програми, во областа на земјоделството, образованието и културата.

Адеми посочил дека регионот Трст и Република Македонија имаат потреба да ја зајакнуваат и развиваат соработката во насока на инвестициите и пренесување на искуствата во повеќе области на заемни интереси пред сè во областа на економијата, трговијата, земјоделската соработка и во областа на културата и образованието.

Воедно, Адеми и Занин размениле повеќе информации за актуелните политички состојби во двете земји. Станало збор и за дијаспората од Република Македонија, која е распространета во Америка, Европа, а со посебен нагласок на Италија, која е целосно интегрирана во Трст и регионот околу него.

Mинистерот остварил средба и со ректорот на Универзитетот на Трст, Маурицио Фермеглиа, со цел за запознавање на двете страни и  воспоставување основа за идна соработка помеѓу Универзитетот на Република Македонија и Универзитетот од Трст.

Адеми го посетил и центарот на поранешната Воена болница која е адаптирана во Академска институција за тренинг, менторирање, практична настава и усовршување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари