АД Елем: Понудивме пумпи за обезбедување кислород на загрозената локација, нивото е 17см над границата

Во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал, АД Елем информира дека како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на езерото во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17см над долната граница според дозволата, односно 10см според мерната скала на Хидрометеоролошки завод.

„Испустот на вода преку регулациониот отвор од Охридското езеро во реката Црн Дрим е на минимално ниво, кое што е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, а која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината“ соопшти АД ЕЛЕМ.

Како што информираат оттаму, за да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко блато и недоволното количество на вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот, со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислорот на загрозената локација, бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена.

Претходно

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари