Доцна вечерва се случило убиство во Македонски Брод, дознава Вечер,мк од извори на теренот.
Нашите информации велат дека е убиен професионален војник на АРМ, во селото Калуѓерец, во областа Порече, кое се наоѓа на 30-тина километри од Македонски Брод.
Итната медицинска помош, полиција и обвинител се на терен и вршат увид на местото на убиството.
Имало обиди за реанимација...повеќе детали наскоро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата