logo
logo
logo

ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАБОТУВААТ КОМПЕТЕНТНИ АЛБАНЦИ, РОМИ, ТУРЦИ

Законот за правична застапеност од ВЛАДА ЌЕ ОДИ НА ОЦЕНКА ВО ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА, ПА ВО СОБРАНИЕ

Vecer | 24.06.2025

Законот за правична застапеност од ВЛАДА ЌЕ ОДИ НА ОЦЕНКА ВО ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА, ПА ВО СОБРАНИЕ

Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура.

Предлог-законот, како што денеска изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, е подготвен од група уставни експерти.

Правичната застапеност на припадниците на заедниците во јавната администрација ќе се регулира со подзаконски акти, откако ќе се добие мислењето од Венецијанската комисија.

– Овој закон за правична застапеност, којшто морам да кажам дека е уставна категогија која произлегува од Охридскиот рамковен договор, го подготви група експерти во Владата. Законот денеска ќе се разгледа на владина седница и понатаму ќе биде проследен во Венецијанската комисија. Она што е важно за овој закон е дека вработувањата ќе бидат врз база на компенетност, квалитет и професионаност. Баланерсот е укинат од Уставниот суд и затоа мотивот беше овој закон да го прават група уставни експерти. Моделот за правична застапеност ќе биде регулиран со подзаконски акти, но по претходни евентуални забелешки од Венецијанскста комисија – изјави Минчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk