logo
logo
logo

995 ковид-пациенти во болниците низ државата, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 55 лица

Vecer | 13.03.2021

995 ковид-пациенти во болниците низ државата, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 55 лица


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во болниците во Скопје тој број изнесува 406 пациенти, од кои 55 биле примени во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени 32 оздравени пациенти.

“Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 41 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид-центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Исто така се нагласува дека во скопските ковид-центри вројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk