logo
logo
logo

Мицкоски

„Можете да исечете цвет, но не можете да ја спречите пролетта да дојде - новата иднина доаѓа“

Vecer | 15.10.2021

„Можете да исечете цвет, но не можете да ја спречите пролетта да дојде - новата иднина доаѓа“

Пабло Неруда пишуваше - можете да исечете цвет, но не можете да ја спречите пролета на дојде! Новата иднина доаѓа. Подгответе се, а со новата иднина доаѓаат подобри времиња за сите луѓе во Македонија. Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот завршен централен митинг во Штип.

Оваа наша генерација, кажа тој, е таа која ќе се избори за промените, затоа излезете и гласајте.

„Тоа е најдобар одговор и на поткупот кој го прават овие денови и на притисоците. 150 евра по глас кои ги нудат знајте дека тоа се вашите пари, украдени во туѓите џебови. Но, треба да знаете  зад параванот сте сами. Вие и вашето ливче, вие и вашата желба за иднина. Вие и нашата заедничка иднина“, порача Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk