Братот на градоначалничката на Могила од СДСМ фалсификувал сведителство за техничар. Ова го покажуваат документите што се појавија на социјалните мрежи според кои Јованче Гулевски брат на градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска се вработил со фалсификувана диплома.
Во документот се наведува став на училиштето според кое институцијата не издала таков документ.
Со дипломата братот на градоначалничката се вработил во РЕК Битола.
Засега МВР нема информација дека МВР или Јавното обвинителство поднесле пријава или започнале истрага по допрен глас.