logo
logo
logo

Со украдени фотографии од Иран и Полска од интернет: И пописот се промовира со лажен идентитет! (ФОТО)

Vecer | 18.09.2021

Со украдени фотографии од Иран и Полска од интернет: И пописот се промовира со лажен идентитет! (ФОТО)

Уште една кампања, овој пат кампањата за пописот во Македонија, се спроведува со странски фотографии, односно фотографии купени или симнати од интернет.

Метин има 73 години, живее во место без итна медицинска помош. Ова е една од фото рекламите со која НВО Инфорцентар и Фондацијата отворено општество, ги повикуваат граѓаните да се попишат.

Иако на фотографијата не е потенцирано каде Метин живее, сепак станува збор за постар човек од Иран фотографиран од фотографот Бахрам Бајат. Имено, оваа фотографија може бесплатно да се најде на сајтот ансплеш.ком.

А извезниот Метин, може да се најде како фотографија која се користи за вести на многу сајтови низ светот -  со оглед на тоа дека за нејзиното користење не е потребно да се плати.

Но Метин не е единствениот измислен лик кој не е во Македонија, а се користи за кампањата за пописот. Друштво му прави и извесна Катерина која има 35 години, живее и работи во Скопје а според лична карта живее во Гостивар.

-Чија жителка е Катерина? Точниот одоговр е на Скопје, стои во рекламата.

Но, во реалноста "Катерина" е девојка која е фотографирана за некаква реклама во Полска.

Ваквите лажни идентите не успеаа да избегаат од будното око на Твитер заедницата.

-Само што Метин го има на вести за хороскоп, на вести за мудрост, вести од Шпанија, Турција… ама Метин во Македонија не постои. А бе токмаци едни една слика од Македонија немате. Пријавете ја Катерина во МВР, не си ја сменила личната карта. Девојкава на сликава сигурно живее негде низ САД и нема појма што е Македонија и попис, а уште помалку што се Скопје и Гостивар, се само дел од коментарите низ социјалните мрежи.

Инаку, ова не е прв пат во Македонија промотивни кампањи да има со странски фотографии. Лани промовирајќи ги убавините на Македонија, Министерството за економија објави фотографија од местото Конигсе во Германија. Во кампањата „Дома си е дома“ беше искористена и фотографија од езерото Анисе во Франција. Поранешниот градоначалник на Штип, а сегашен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, пак искористи фотографија од САД за промовира базен кој ќе се градел во неговиот град.

Неодамна, странски фотографии беа искористени и за кампањата за #Вакцинирајсе!.

Медиа материјалот кој се употребува во оваа кампања е симнат од интернет страница за фотографии и мултимедија каде месечна претплата е 200 евра со што се добива неограничен фонд на фотографии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk