logo
logo
logo

“Полтронството на Филипче нема крај“

Vecer | 16.09.2021

“Полтронството на Филипче нема крај“

Ќе бев изненаден да си заминеше од функцијата, навистина, Венко Филипче, тој стана моторџија кога почна да се дружи со Заев. Тоа полтронство нема крај.

Не сум изненаден што не си замина Венко Филипче , тој мотор науичи да вози за да се дружи со Зоран Заев, а  има муабет дека немал мотор , па му купувале овие од семејството Заеви, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

Во мафија се знае, еден ако излезе паѓа системот, исто е и овдека. Во нивната перцепција ова е случајност, и сега  баш на нив на „ најдобрите“ им се случува и сега да се дадаат оставки.  Отидоа првата вечер, да се сликаат, па беа исфикрани, после се сликаа два дена, после кога имаше притисок, ајде оставка економскиот директор, па на Бесими брат му , па ај Филипче, ама оставки нема да има. И после тоа почнаа со менаџирање на процесот , имам информација  дека има притисок врз медишмите да не се третира оваа тема воопшто, изјави Николоски.

Се обидоа со Меркел ,не им успеа, пробаа  со нон пејперот, еве автор на нон пејперот е Никола Димитров со цел да се дефокусира јавноста, ама и народот не се фати на таа јадица оти поголема тема од оваа нема. Суштината е дека се изгубија човечки животи, заради мафијаши. Дудуци ставаат на раководни позиции и ете се случуват трагедија, изјави Николоски.

Вчера Заев намерно тресеше глупости, но и тоа не им успеа, народот ќе го смени Заев оти го допреа дното. Овие се такви криминалци да веќе опстојувањето на луѓето е под знак прашалник , дециден е Николоски.

Според него оставки во оваа влада нема да има, падот ќе се им се случи по локалните избори.

-Тие работат по систем на мафија. Тие не го сфатија случајот сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиуми, рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk