logo
logo
logo

ДОАЃА СНЕГ

Vecer | 11.01.2025

ДОАЃА СНЕГ

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во недела времето ќе биде облачно со повремени врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни и на повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk