logo
logo
logo

Мицкоски:

„СДСМ и ДУИ ги пљачкаат граѓаните преку поскапо гориво, ПОСЛЕ ЌЕ ВРШАТ ПОТКУП ЗА ИЗБОРИ“

Vecer | 05.08.2021

„СДСМ и ДУИ ги пљачкаат граѓаните преку поскапо гориво, ПОСЛЕ ЌЕ ВРШАТ ПОТКУП ЗА ИЗБОРИ“

Регулаторна комисија на седницата одржана на 3 август ги зголеми цените на нафтата и бензините. Како? Ако се споредат одлуката на Регулаторна од 3 август (слика 1 и 2) и одлуката од 26 јули (слика 3) член 7, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар, дополнително на тоа се додава и 18% данок на додадена вредност. Граѓаните и стопанството поради овој криминален потег на Регулаторна, по налог на коалицијата СДСМ/ДУИ ќе плаќаат поскапо дизел гориво, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека ова е шверцерска одлука со која се пљачкаат граѓаните и стопанството.

- Зошто ова се прави сега? Едноставно е ... немаат пари за институционален поткуп, ги потрошија за скапи проекти со големи провизии. Поткупот ќе оди на следниот начин, прво ќе плаќате сите поскапо гориво поради поскапата акциза. Парите ќе завршат во буџетот, а потоа истите преку министерството за труд и социјала, заедно со кандидатите за градоначалници од власта ќе ви поделат социјални пакети и патем ќе побараат поддршка за следните локални избори, истакна Мицкоски..

Тој додава дека одлуката е на граѓаните дали ќе дозволат власта да продолжи со овој криминал, корупција, понижувања, срам, безидејност.

- Дали ќе продолжат лаги со СДСМ или ќе ни дадете шанса да покажеме дека ние/вие и Македонија можеме многу подобро, напиша Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk