logo
logo
logo

Дрвата на Шилегов

Каде се ДРВАТА ОД 14 МЕТРИ ВО ВАРДАР што ги најави ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

Vecer | 26.07.2021

Каде се ДРВАТА ОД 14 МЕТРИ ВО ВАРДАР што ги најави ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

Петре Шилегов стана Градоначалник ЌЕ... од се што најави за да добие гласови не е реализиран ниту еден проект, ако не се сметаат куќата за пингвини во Зоолошка градина и лимените играчки божем динасаури - исто така дел од Зоолошката градина каде директор е неговиот другар, и за што се потрошени над 600.000 евра.

А Петре Шилегов најави, помеѓу останатото, и дека ќе насади дрва од по 14 меѕтри - во Вардар. Многу вода низ Вардар протече, дрва не видовме а и она што го има од дрва во Центар се сеќе амсовно.

Вака порталите под контрола на СДСМ, во случајов и сдск.мк, бомбастично го најавија овој проект со дрва во Вардар на Петре Шилегов, на далечниот 2 ноември 2019-та година:

Во големото корито на реката Вардар во Скопје ќе се садат дрвја кои ќе бидат високи 14 метри. Градоначалникот Петре Шилегов на отчетот за двегодишното работење најави садење на 400 дрвја долж кејот, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до мостот Гоце Делчев за ‘наесен кога ќе шетаме покрај Вардар тоа да биде под сенки‘. (Ова е најава од 2019-та година)*

Шилегов вели дека садењето на дрвја во големото корито нема да е опасност при излевање на Вардар.

„Се консултиравме со Министерството за животна средина и добивме дозвола за зазеленување на овој дел. Дрвјата нема да претставуваат никаква опасност при евентуални поплави“, вели Шилегов.

Шилегов најави и дека напролет ќе почне пошумувањето на Водно во делот каде што беа исечени дрвја заради изградба на регионалниот гасовоод за Тетово и Гостивар.

„Спецификацијата за тендерската документација е направена. Во соработка со Шумарскиот факултет ги договоривме видот и типот на дрвјата, како и локациите кои треба да бидат пошумени. На пролетно садење очекувам да се пошумува Водно. На средина сме на изработка на студија на Водно која не се однесува на природата туку планината да биде дел од активното живеење на скопјани, со изградба на велосипедски и пешачки патеки, зиплајн, адреналински парк, без притоа да имаме девастација на растителниот и животинскиот свест“, рече Шилегов.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

ВАКОВ ЛИ ЗАСЛУЖИ СКОПЈЕ?! Шилегов се расфрла со “фашисти“ и “оперски певачици“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk