logo
logo
logo

Д-р Даниловски: Се навестува новиот бран од делта-сојот што може да се случи на средина на август (ВИДЕО)

Vecer | 26.07.2021

Д-р Даниловски: Се навестува новиот бран од делта-сојот што може да се случи на средина на август (ВИДЕО)

Новиот бран, на некој начин, се навестува дека почнува затоа што четиринаесетдневната инциденција на 100 000 веќе е 13. Иако сѐ уште сме во зелена зона, претпоставувам дека во средината на август ќе пречекориме вредност 20, што значи дека ќе влеземе во прво ниво на ризици, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за ТВ Канал 5.

– Од друга страна, цел јули ефективниот репродукционен број е преку 1, што значи имаме експоненцијално ширење на бројот на случаите. Сето тоа зборува дека имаме тренд на постепен пораст, а тој пораст ќе оди сѐ пострмно нагоре. Во моментов, се работи за мали бранчиња, за локално ширење во некои општини. За тоа да остане локално треба да има идентификување на сите контакти на заразените, смета д-р Даниловски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=8Z1jKHkqCJU&feature=emb_title[/embed]

Според д-р Даниловски, заблуда е дека делта-сојот не е поопасен од останатите соеви.

– Прво се мислеше дека делта-сојот не е поопасен, дека не дава потешка клиничка слика. Меѓутоа, тоа се покажа дека е заблуда бидејќи делта-сојот се ширеше повеќе меѓу млади лица кои се, генерално, невакцинирани. Фактот дека е полесно пренослив, се добиваат дури 5 до 9 нови случаи од еден веќе заразен случај со делта-сојот, а и дека дури илјада пати е поголемо вирусното оптоварување, доволно зборува дека клиничка слика не може да биде ниту полесна, ниту иста, туку потешка од онаа којашто ја дава алфа-сојот, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk