logo
logo
logo

Пренџов: Зошто ДУИ како зелена партија ја намалува стапката квалитет на воздух

Vecer | 23.07.2021

Пренџов: Зошто ДУИ како зелена партија ја намалува стапката квалитет на воздух

Пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница потсети како пред само една година СДСМ за ДУИ велеа дека се криминалци и дека ДУИ треба да оди во опозиција

-Потоа направивте коалиција во која целокупните финансии на државата и припаднаа на вашата политичка партија. Јас велев тогаш дека СДСМ е декор во владата, вчера ме потврди и Бујар Османи дека е ваша владата, на ДУИ. Одговорете им на граѓаните како по 1.700 луѓе вработени по разни институции, Артан Груби да има 39,56 проценти покачување на име на плати на администрација. Кажете им на граѓаните Албанци дека кај Груби за промоција на меѓуетничките односи имате намалено буџет за 38 проценти. Ставката за соодветна правична застапеност на заедниците ви е намалена за 42,4 проценти, праша Пренџов.

Пратеникот праша и зошто ДУИ како зелена партија сега ја намалува стапката квалитет на воздух за 2,64 проценти.

https://youtu.be/WBLjl4sV4tY

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk