По приказната која ја растажи јавноста, дека Леон (12) од Скопје, дете со аутизам, бил единствениот ученик кој не добил покана за роденденот на другарче од класот, следеше потег кој ја врати вербата во добрината.
Ирина Камилоска, трогната од ситуацијата, решила да му приреди изненадување за паметење – директно во училиштето му донела гости со големи срца: пожарникари, пилот, кошаркари, планинари и жена полицаец.
Најголема радост за Леон било дружбата со скопските пожарникари, кои го провозиле во противпожарното возило и му подариле вистински херојски ден исполнет со насмевки и аплаузи, објави порталот Скопе1.

Настанот предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните го пофалија овој гест на човечност, солидарност и љубов кон децата кои често се соочуваат со предрасуди.

Мајката на Леон, многупати досега јавно зборуваше за тоа како нејзиниот син е отфлен од општетсвото, само поради тоа што има Аутизам. Неодамна Амела сподели како Леон, дете кое се соочува со отфрлување и недостиг на разбирање, остана изолиран од прославата на роденден на неговиот соученик.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата