logo
logo
logo

Анкета: Лошата работа на ВЛАСТА НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК ЗА ЛОШАТА ЕКОНОМИЈА

Vecer | 02.07.2021

Анкета: Лошата работа на ВЛАСТА НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК ЗА ЛОШАТА ЕКОНОМИЈА

Македонските граѓани имаат негативно мислење за работата на владата во полето на економијата и справувањето со проблемите. Според анкетата на Маркет вижн дури 60% од граѓаните сметаат дека власта е неуспешна, а само 20% мислат дека е успешна.

Од 1 до 5, Владата доби оценка 2,37, а премиерот Зоран Заев 2,25.

Само 19,8% од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока. Младите до 40 години, за разлика од повозрасните во поголем процент сметаат дека земјата се придвижува во позитивна насока. Во најголем дел, негативната состојба во земјата се должи на лошото работење на Владата, одговор кој го дале речиси 40% од испитаниците. Како други главни причини за негативната состојба во земјата се наведуваат и влијанието на пандемијата (25,6% од одговорите), како и корупцијата и нефункционалноста на правниот систем, одговор кој го дале 17,8 отсто од испитаниците.

Најважни проблеми со кои се соочува земјата според најголем дел од испитаниците се неповолната економска ситуација и невработеноста (44,9% од одговорите) и корупцијата и нефункционалниот правен систем (30,4% од одговорите).

 

Многу мал дел или приближно 14% ја оценуваат економската состојба како добра. Најголем дел од испитаниците или приближно 72% ја оценуваат економската состојба како лоша.

Она што е интересно е и различната перцепција на испитаниците вработени во приватниот и во јавниот сектор. Вработените во приватниот сектор ја оценуваат економската состојба во земјата како многу понеповолна, за разлика од оние вработени во јавниот сектор.

Само 11,8% од испитаниците сметаат дека економската состојба во земјата се подобрува, додека околу половина сметаат дека се влошува.

Речиси една половина или 46,1% од испитаниците сметаат дека условите за водење или инвестирање во бизнис се влошуваат.

Околу 10% од испитаниците се изјасниле дека живеат во сиромаштија и недостиг од основни добра, додека приближно 40% се изјасниле дека многу внимателно располагаат со парите за да можат да врзат крај со крај.

Анкетирањето беше спроведено во периодот од 18 јуни до 23 јуни со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: +-3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk