logo
logo
logo

Каде можеме да се патуваме летово, и најважно – што ни е потребно?

Vecer | 20.06.2021

Каде можеме да се патуваме летово, и најважно – што ни е потребно?

Летото 2021 година сигурно ќе биде подобро од претходното, барем што се однесува до дестинациите до кои може да се патува. Иако се веруваше дека поради вакцините, барем што се однесува до патувањата, ќе се вратиме назад таму каде што застанавме во март минатата година, голем број ограничувања сепак остануваат, пишува 360 степени.

За некои земји доволно е туристите да се вакцинираат, за други е неопходен негативен ПЦР тест или тест за антиген, а во некои карантин.

360 степени направи анализа за тоа какви правила не очекуваат ова лето во некои земји.

Грција

Секако, една од најпопуларните земји за летен одмор за граѓаните од регионот е Грција. Во таа земја е можно да се влезе со потврда за завршена вакцинација со која било вакцина, односно потврда дека и двете дози се примени и дека поминале најмалку 14 дена од другата.

Оние кои не примиле вакцина, Грција прифаќа негативен тест за ПЦР кој не е постар од 72 часа (за земји од портокаловата и црвената листа) или негативен тест за антиген (за земји од зелената листа) кој се прави во рок од 48 часа. Исто така, валиден е документ со кој се докажува дека лицето прележало ковидот во периодот од два до девет месеци пред патувањето.

Дополнително, сите патници на грчките гранични премини може да бидат тестирани по случаен избор со брз тест и доколку резултатот е позитивен, следи задолжителна изолација од 10 дена. Важно е што секој што сака да патува во Грција, најрано 24 часа пред патувањето, мора да пополни образец на веб-страницата www.travel.gov.gr и да го покаже кодот што го добил на границата.

Египет

Друга многу популарна дестинација ова лето ќе биде Египет. Засега, во оваа земја се патува само со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Турција

За Турција потребна е потврда за завршена вакцинација со која било вакцина или потврда за прележан ковид во последните шест месеци. Во Турција може и со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, односно негативен брз тест за антиген направен не повеќе од 48 часа пред патувањето. Слично на случајот со Грција, секој што патува во Турција мора да се регистрира преку веб-страницата каде ќе го добие кодот неопходен за влез во сите трговски центри, ресторани, владини агенции и други установи. Патниците ќе мора да го покажат тоа на граничниот премин кога влегуваат во Турција.

Шпанија

Шпанија дозволува влез само на вакцинирани граѓани,со поминати најмалку две недели од втората доза. Шпанија ги признава сите вакцини, освен „спутник В“, што значи дека граѓаните кои примиле руска вакцина не можат да патуваат во оваа земја. Исто така, како и во Грција и Турција, потребно е да се пополни онлајн формулар и да се регистрира пристигнувањето.

Малдиви

На Малдиви, каде во моментов нема летна сезона, важи правилото за негативен ПЦР тест за влез, не постар од 72 часа.

Хрватска

Во Хрватска, влезот е со потврда за вакцинација со една од вакцините признати од Европската агенција за лекови – „„Фајзер“, „Модерна“, „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“, како и кинеската „спутник В“ и „Синофарм“. Оние кои не се вакцинирани, мораат да достават негативен ПЦР тест или тест за антиген направен 72 односно 48 часа пред патувањето.

Исто така, во Хрватска може и со потврда за прележан ковид и потребно е да се приложи документација за причината за патувањето, како што се, на пример, платено сместување или имотен лист ако некој поседува имот таму.

Бугарија

Слично како и во Хрватска, во Бугарија бараат потврда за завршена вакцинација со која било вакцина, додека оние кои не се вакцинирани мора да направат негативен ПЦР или брз тест за антиген направен во предвидените 72 односно 48 часа. Можете, исто така, да одите во Бугарија со доказ за прележан ковид

Забрана за влез

За поегзотичните дестинации, како што е Бали, или нешто поблиску Португалија, односно Италија, засега тоа не е дозволено, односно ќе треба да стапи на сила одлуката на ЕУ со која С Македонија и други земји веќе не се ризични. Истото важи и за Австрија, и други земји од ЕУ, и Швајцарија.

Исклучок се оние кои имаат регулиран престој или причина за патување.

Германија најави дека од крајот на овој месец ќе дозволи влез на државјани од земји надвор од ЕУ, кои се вакцинирани со вакцини признати од ЕУ.

И ЕУ пред два дена најави дека наскоро, најверојано од 1 јули ќе ги стави С Македонија, Албанија и Србија на зелената листа на земји и ќе дозволи туристички патувања.

Обединето Кралство

Велика Британија, кое го одложи укинувањето на ограничувачките мерки поради влошената епидемиолошка состојба, бара негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, но исто така пропишува задолжителна самоизолација за 10 дена. Исто така, за да влезете во земјата, покрај тој првичен ПЦР тест, мора да имате закажано уште два – еден што ќе се направи на вториот ден по пристигнувањето и другиот што треба да се направи по осум дена и за тоа се плаќа однапред и чини нешто повеќе од 200 фунти.

За да се прекине самоизолацијата по десеттиот ден, и двата теста треба да бидат негативни.

Без ограничувања

Без ПЦР тест, вакцина или карантин, можете да одите во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Мексико и Јамајка.

ама таа доживеа втор срцев застој

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk