logo
logo
logo

Мицкоски: „Талир“ го водат насилно, во политиката ништо не е случајно, така е и со Кацарска

Vecer | 17.06.2021

Мицкоски: „Талир“ го водат насилно, во политиката ништо не е случајно, така е и со Кацарска

Случајот „Талир“ се води на насилен пат, за сметката и имотот на ВМРО-ДПМНЕ да бидат блокирани и Заев да има некаква предност на избори, зошто друга предност нема, изјави рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на гостувањето на „Охрид 1“.

„Зошто? - За да може имотот да биде замрзнат, сметката блокирана, а со тоа Зоран Заев да има предност, тој нема визија, има на располагање само судии кои му слугуваат, поткуп, брутален поткуп, се земаат провизии. Тоа е начинот на кој функционираше во Струмица така функционира и како премиер“, рече Мицкоски

Според Мицкоски само наивен човек може да верува дека Кацарска стигна таму каде што стигна затоа што е квалитетен судија, а јас сум се само не наивен.

-  Во политиката ништо не се случува случајно, така е и со Кацарска, Заев немајќи визија сака само да му нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk