logo
logo
logo

Мицкоски: Заев ќе прифати се ДУРИ И БУГАРСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА

Vecer | 17.06.2021

Мицкоски: Заев ќе прифати се ДУРИ И БУГАРСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Заев сè продава во преговорите, бидејќи нема што да понуди на македонските граѓани, не знае да понуди проекти, подобро здравство, економија или образование, но може со заврзани очи да потпише се што ќе побараат од него во Бугарија.

- Сега Радев го крши чекор по чекор, се до моментот додека не го постигне максимумот и тогаш ќе му рече на Заев извини ние имаме техничка Влада, немаме Парламент, ќе мора да почекаш да се формира Парламентот да имаме политичка Влада и тогаш со таа Влада ќе седнете и ќе се договорите. Кога ќе дојде таа Влада ќе рече еве јас ве донесов до тука, од тука натаму преземете го вие и завршите“, рече Мицкоски, за „Охрид 1“.

Мицкоски додаде дека Заев ќе прифати се, дури и декларацијата на бугарскиот парламент.

„Зоран Заев ќе прифати се. А, што е тоа се? Декларацијата од бугарскиот Парламент во која што се содржани сите оние хегемонистички барања од 19-тиот век, негирање на македонската посебност, култура, традиција, обичаи, антифашистичката борба, јазик итн. И таа декларација да биде дел од преговарачката рамка со ЕУ“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е она кога ќе се седне во Брисел, кога ќе се случи таа меѓувладина конференција кога практично официјално почнуваат преговорите со ЕУ, тие ќе ви дадат еден документ и ќе речат кластер еден се преговара на овие теми, кластер два тие теми итн.

„А, ова ќе биде во првиот кластер „Fundamentals“ каде што вие ќе не можете да договорите втора меѓувладина конференција ако за првата не се договорите, односно не се расчистат посебно барањата нивни кои што се практично дел од преговорите на историската Комисија“, нагласи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk