logo
logo
logo

Коцарев

Македонскиот идентитет и јазик НЕМААТ БУГАРСКИ КОРЕНИ, бугарското барање е бесмислено

Vecer | 15.06.2021

Македонскиот идентитет и јазик НЕМААТ БУГАРСКИ КОРЕНИ, бугарското барање е бесмислено

По 75 години државност на Македонија, се повампирија старите апетити на некои наши соседи, се отворија нови прашања и стари рани. Се копа и рие по она што ни е најсвето. Сведоци сме дека се прават некакви договори зад грбот на македонскиот народ, изјави претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Тој на денешниот научен собир посветен на животот и делото на Крсте П. Мисирков, порача дека политичарите од Македонија и Бугарија да бидат свесни дека геополитичките игри во некои можни сценарија можат да предизвикаат штетни последици за двете земји.

Зборувајќи за актуелните односи на релација Скопје – Софија и преговорите кои се водат за надминување на историските разлики, Коцарев рече оти се надева дека нема да дојде до отстапки од македонска страна.

- За жал денес сме соочени со непринципиелни уцени и закани и ненаучни аргументи, бесмислено барање дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик имаат бугарски корени. Апсурдно барање својата национална генеза Македонија да ја дефинира онака како што тоа го бара една соседна земја, рече тој.

И дел од останатите академици, предизвиците со кои се соочил Мисирков ги споредија со денешните случувања повторно упатувајќи остри критики на преговорите со официјална Софија.

Изложеноста на Македонија на повеќедецениски ултиматуми во процесот на евроинтеграцијата поради идентитетските спорови е доказ за виталноста на хегемонизмот и за комплементарноста на балканските културни и политички претензии.

Но и покрај цврстиот став на дел од академиците на МАНУ, омекнатиот став на бугарска страна и оптимизмот на македонска, мешовитата комисија се најде во методолошки ќор-сокак откако на последната средба како што соопшти историчарот и претседавач од македонска страна Драги Ѓорѓиев, колегите од Софија имале тенденција да го наметнат бугарскиот наратив околу револуционерот Гоце Делчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk