logo
logo
logo

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС СЕ УКИНУВА, дозволени свадби, веселби и настани на отворено

Vecer | 15.06.2021

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС СЕ УКИНУВА, дозволени свадби, веселби и настани на отворено

Владата одлучи да го укине полицискиот част и почнувајќи од полноќ. Исто така, укината е и забраната за 100 гости на свадби и дозволени се концерти и забави.

Одлуката доаѓа по препораката на Комисијата за заразни болести, која порача дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на корона вирусот, но и со зголемувањето на бројот на вакцинирани.

Владата на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:

– Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Македонија.

– Исто така  од утре, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.

– Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.

– Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.

– Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk