logo
logo
logo

Човек од ,,Тимот Трамп”: Македонија киднапирана од левичарски организации и УСАИД - и го означи Илон Маск

Vecer | 04.02.2025

Човек од ,,Тимот Трамп”: Македонија киднапирана од левичарски организации и УСАИД - и го означи Илон Маск

Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија, објави дека и Македонија е дел од земјите за кои вели дека била киднапирана од невладини организации и УСАИД.

-И Македонија е киднапирана од лево ориентирани невладини организации и УСАИД. За Американците може да се заштедат 290 милиони долари, напиша Павловски на Х, а во објавата го означи и Илон Маск.

Павловски кој е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube работи во тимот на Доналд Трамп.

Претседателот Трамп издаде наредба за замрзнување на речиси целата странска помош, истакнувајќи дека администрацијата ќе ги прегледа трошоците за да се осигура дека средствата се во согласност со неговата политика „Америка на прво место“.

Поддршка за преместување на УСАИД под Стејт департментот стигна и од претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Брајан Маст, кој изјави дека е потребна „повеќе команда и контрола“ врз агенцијата.

Администрацијата на Трамп викендов продолжи со реформи во Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД). Десетици вработени беа испратени на административно отсуство. Според американски медиуми, Трамп има намера да ја стави агенцијата под контрола на Стејт департментот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk