logo
logo
logo

Камиони со „ЗЕЛЕНА АГЕНДА“ во кичевско (ВИДЕО)

Vecer | 09.06.2021

Камиони со „ЗЕЛЕНА АГЕНДА“ во кичевско (ВИДЕО)

Почитувани сограѓани во прилог може на дело да видите како ребрендираната ЗЕЛЕНА партија која во Кичево има целосна власт и контрола на сите институции и јавни претпријатија во соработка со фирми на локални моќници од СДС се грижи за животната средина, вели Лазе Јаќимоски, претседател наОК на  ВМРО-ДПМНЕ Кичево

Тој вели дека снимките се направени од членови на месната заедница Попоец, кој што тврдат дека ова се случува неколку денови по ред, камионите од погоре споменатата фирма се затекнати како од депото за комунален отпад од Ј.П. Комуналец се товарни возилата со отпад и истиот се одлага во оваа прекрасна и недопрена природа која што може да ја видите на снимките.

- Претпоставуваме дека ова е дел од новата програма за грижа за животната средина на ЗЕЛЕНАТА партија и нивниот кандидат за иден градоначалник на Кичево. А државните институции и минестерството за животна средина секако како и секогаш во изминативе неколку години без никаква реакција, пишува Јаќимоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk