Владо Бучковски, сегашниот специјален пратеник на премиерот Заев за преговорите со Бугарија покажува крајно пробугарски ставови во своето делување а, според брифинг на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за успешната работа Бучковски ќе биде награден со функција - амбасадоир во Бугарија!
Бучковски му е должник на Зоран Заев во чиј премиерски мандат се преквалификува обвинението против Владо Бучковски, по што со новата квалификација делото застаре, а трошоците за повеќегодишниот судски процес ги плати државата.
Бучковски никогаш не доби ослободителна пресуда за ова дело, и ниту еден суд не пресуди дека е невин.
Да се потсетиме, освен Бучковски кој е суден за профитерство во воената 2001 година кога беше министер за одбрана, советник на премеирот Зоран Заев е и Љубе Бошкоски, колега на Бучковски. Љубе Бошкоски беше министер за внатрешни работи во воената 2001 година, осуден за примање 100.000 евра поткуп за да влијае на македонската страна за прифаќање на грчките услови околу промена на уставното име.
Ова е ретро на вестите за случајот Бучковски:
Дојче Веле, 1 јули 2013
Кривичниот суд денеска му одреди три години затворска казна на првобвинетиот во случајот „Тенковски делови“, поранешен премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски. Судот пресуди затворски казни и за останатите четворица обвинети во овој случај.
Поранешниот началник на ГШ на АРМ, Методи Стамболиски и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски добија по три години казана затвор, а поранешниот логистичар, Нелко Менкиновски и и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчевски по две години затвор.
Обвинетите треба да ја вратат отштетата која изнесува повеќе од два милиони евра.
Тие се осомничени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиона евра со набавка на четирипати повеќе од потребните резервни делови за армиските тенкови Т-55. Овој предмет беше вратен на повторно судење откако Апелацискиот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд, според која на Бучковски му беше одредена затворска казна.
Според Бучковски одлуката на судот е скандалозна.
Слободна Европа, 24 ноември 2014.
Во рок од осум дена, екс премиерот Владо Бучковски треба да се јави на издржување на казна затвор во траење од две години за случајот Тенковски делови.
Вакво решение донесе Кривичниот суд при Основниот суд Скопје 1 откако ја одби жалбата на Бучковски против решението на судијата за извршување санкции.
Одбраната на осудениот подготвува нова жалба, а ја очекуваат и одлуката на Врховниот суд, во кој е поднесена жалба на 15 октомври. Бучковски е осуден за злоупотреба на функцијата (министер за одбрана во воената 2001 година ) при набавка на непотребно големо количество резервни делови за тенковите Т 55 во 2001 година, со што, државата била оштетена за два и пол милиони евра.
За овој случај, на две години затвор е осуден и екс началникот на генерал- штабот на АРМ, Методија Стамболиски, а уште три лица добија условни казни.
Макфакс, 15 ноември 2019
За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење која го мониторираше случајот, соопшти дека денеска јавниот обвинител во завршниот збор го преквалификувал обвинението, по што настапила застареност на кривичното гонење. Предметот го суди судијката Даниела Алексовска Стојановска.
На досегашните рочишта, по напатствијата на Врховниот суд, биле сослушани претставник на Министерството за одбрана и на Државниот правобранител за да се утврди дали има штета на буџетот и дали имало умисла и намера кај обвинетите.
Откако повиканиот претставник на Одбрана и правобранителот се изјасиле дека нема штета на буџетот, обвинителот го преквалификувал делото во еден став погоре од Кривичниот законик, со што настапила апсолутна застареност на кривичното гонење.
Одбраната сепак побарала да даде завршен збор на следното рочиште на 22 ноември. Судот сега треба да донесе одбивателна пресуда, а трошоците за адвокатите на обвинетите, меѓу кои и за Бучковски, ќе ги плати државата.
Судење за предметот „Тенковски делови“
Предметот неколкупати беше враќан на повторно судење. Врховниот суд во 2016 година го прифати барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Тенковски делови“ и по извршената ревизија ги укина претходно донесените пресуди и наложи судската постапка да се врати од почеток.
Случајот датира од 2001 година кога Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата МЗТ ФОП нарачале резервни делови за тенковите „Т 55“.
Обвинителството во јули 2007 година излезе со обвинение со кое се тврдеше дека експремиерот Владо Бучковски, поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, и уште неколкумина вработени во Министерството за одбрана и за директорот на МЗТ ФОП, ги злоупотребиле своите позиции и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од приближно 150 милиони денари или околу 2,5 милиона евра.