logo
logo
logo

ФРЧАТ КАЗНИ ОД ПОЦ, дури и во слободна зона (ФОТО)

Vecer | 08.06.2021

ФРЧАТ КАЗНИ ОД ПОЦ, дури и во слободна зона (ФОТО)

Дали касата на Јавното Претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ е празна и сега е обидуваат да ја наполнат со масовно лепење на казни, дури и каде што немаат надлежност.

Според нашите информации деновиве фрчат казни од страна на ПОЦ, а некои добиваат по 2, 3 но и 5 казни за непорписно паркирање или за користење на јавните паркиралишта со кои управува претпријатието, но има една разлика што на дел од местата, ПОЦ не е надлежно.

Според фотографиите кои ги доби Вечер.мк може да се види дека ПОЦ не се штеделе на казни дури и во слободна зона каде што не треба да бара пари и не е надлежно.

Масовното казнување при празна каса не е нешто ново. Тоа е добро познат метод на власта предводена од СДСМ. Изминативе години македонската јавност е сведок дека секогаш кога државниот, општински или буџет на некоја институција е празен, дупката се обидуваат да ја пополнат со казни за граѓаните, наместо да се запрашаат зошто е испразнета касата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk