ВМРО-ДПМНЕ денес започна со најавените блокади на повеќе крстосници низ Скопје, но и во 10 други града низ земјата.

Партијата се реши на ваков чекор поради тајните преговори со Бугарија, односно како што соопштија од партијата поради патоказот кој е на маса, и сомнежите дека власта е спремна да ја прифати бугарската декларација за бришење на македонскиот идентитет, јазик и историја.

Втората причина поради која се протестира е  корупцијата која го подрива општеството и државата.

Од партијата велат дека ова се предупедувачки протести. Денеска се протестира  кај Мавровка, Собрание и кај Нова Македонија, и се побара да се објави што се договара со Бугарија, односно документот или т.н. патоказ односно што со Софија преговараат премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија Владо Бучковски.