logo
logo
logo

Нема точен датум кога ќе пристигнат вакцините "Спутник" и "Синовак"

Vecer | 01.06.2021

Нема точен датум кога ќе пристигнат вакцините "Спутник" и "Синовак"

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека процесот на имунизација нема да биде прекинат, најавувајќи пристигнување на нови вакцини и продолжување на процесот со истата динамика.

Како што најави тој, се очекува пристигнување на руски и кинески вакцини.

„За Спутник и Синовак сè уште немаме точни датуми, за Спутник имаше најави дека ќе биде околу крајот на мај, но досега не е пристигнати. Најавата за пристигнување на вакцините Синовак е за почетокот на јуни. Како што рекоа, првата недела или првите 10 дена, треба да почекаме“, изјави Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk