logo
logo
logo

ОШТЕТЕНИ МОЗАИЦИ ВО ХЕРАКЛЕЈА, за директорката на Завод и музеј Битола причините се комплексни (ФОТО)

Vecer | 26.05.2021

ОШТЕТЕНИ МОЗАИЦИ ВО ХЕРАКЛЕЈА, за директорката на Завод и музеј Битола причините се комплексни (ФОТО)

Оштетени и негрижа за мозаиците на „Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис” кој е споменик на културата. Од фотографиите кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ негрижата и оштетувањата се видливи, а според партијата одговорноста треба да се бара кај директорката Мери Стојановска.

Тие велат дека пред неколку денови директорката Мери Стојанова го ангажирала со договор на дело  својот син, заедно со неколку негови другари, да изврши откривање на мозаиците во локалитетот Хераклеја, што било извршено надвор од стручен надзор и надвор од оперативен распоред за работа.

Понатаму се додава дека директорката, поучена од претходните практики во музејот за ангажирање на работници за физичко отстранување на заштитниот слој, не можела да дочека да го ангажира синот и неговите другари, буквално да копаат по мозаиците

- Официјалното откривање на мозаиците требало да започне на 1 јуни, но директорката, без да ги почитува насоките од стручните кадри и плановите за работа кои гарантираат следење на професионални постапки и методи, самоуверено и нестручно си постапила по свое.  Самоволието одело дотаму што при нестручното отскривање на мозаиците направени се оштетувања  кои може да се видат на приложените фотографии и секако на лице место во локалитетот. Се работи за грубо оштетување, откорнување на големи делови од мозаиците. За истото ќе биде известено  и Министерството за култура кое исто така треба да побара одговорност од Стојанова, но ќе биде известена и Europa Nostra, потенцираат од партијата.

Тие побараа Јавното Обвинителство Битола, по допрен глас, да отвори случај за кривична одговорност за директорката на НУ Завод и музеј Битола, за злоупотреба на службената положба и загрозување на културното наследство.

Екипата на АЛФА, за овој случај два дена по телефон и со порака ја бараше директорката за изјава, меѓутоа таа воопшто не се јавувала, а денеска иако со свои најблиски соработници била во античкиот локалитет, а на екипата од обезбедувањето им бил забранет влезот.

Но после прилогот кој го објави телевизијата причините за лошата состојба на дел од мозаиците се многу комплексни и апсурдно е да се тврди дека наведените оштетувања се резултат токму на откривањето на мозаиците.

Познавачите на проблематиката многу лесно ги утврдуваат небулозите произнесени во јавноста, без никаква поткрепа и факти“. Факт е дека во сите установи од заштитата, на безброј проекти, по потреба биле ангажирани  млади луѓе, дел од нив деца на вработени,  кои имале афинитети за оваа област и кои подоцна се профилирале за професии поврзани со заштитата на културното наследство, стои во одговорот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk