logo
logo
logo

ХРАНАТА НАЈСКАПА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 7 ГОДИНИ: Македонија ја зафати цунами од поскапувања

Vecer | 18.05.2021

ХРАНАТА НАЈСКАПА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 7 ГОДИНИ: Македонија ја зафати цунами од поскапувања

Храната во Македонија со највисоки цени во изминатите седум години. Според податоците од маји ма раст на цените, а со тоа и раст на трошоците на живот. Народната банка веќе ја зголеми проекцијата за инфалцијата годинава – на ниво од 2,2 отсто, пишува „Порталб“. Ценовното цунами на светските берзи ја зафати и Македонија.

Цените на храната и нафтата во пораст – Македонија и регионот зафатени од ценовно “цунами“

Цените на маслото за јадење и натаму се во пораст. По март, и во април статистиката регистрираше зголемени трошоци на живот за 2,2 отсто во споредба со истиот месец лани, а во споредба со март растот е за 0,7%. Но, она што се забележува е дека на месечно ниво поголеми стапки на раст има кај основните прехранбени производи.

Трошоци на живот април/март

Масло и масти 10,8%

Течни горива 15,6%

Овошје 4,2%

Зеленчук 4,4%

Транспортни услуги 4,3%

Воздухопловен патнички транспорт 9,8%

Извор ДЗС

Зголемените трошоци на живот се детерминирани од ценовниот раст па така најновите податоци покажуваат дека во април во споредба со истиот месец лани цените на мало се зголемени за 3,7%, најмногу непрехранбените призводи и тутун за 6,8% и кај индустриските производи за 5,1%.

„Порталб“ веќе анализираше дека земјава е под наплив на ценовен бран. Литар масло за јадење веќе достигна 97 денари. Забележително е дека повисоки цени имаат и увозните производи како чоколадото и слатките производи, но поскапени се и пецивата.

„Од пред неколку денови поскапеа пецивата. Еве ѓевречето чини 18 денари, го поскапевме за три денари“ – ни изјави продавачка од една скопска пекарница.

Растот на цените ќе продолжи, но сепак инфалцијата ќе остане умерена – уверуваат од Народната банка која за годинава ја ревидираше прогнозата за инфлација на 2,2%

„Кај нафтата, по падот од 35% измината година сега се очекува раст од околу 38%, а потоа повторно умерен пад наредната година. Слична ценовна динамика се очекува и кај останатите енергенси, храната и кај металите“ – соопштија од НБМ и објаснуваат:

„Ризиците за проектираната патека на инфлација се главно поврзани со неизвесноста околу увезените цени на примарните производи кои се многу променливи, можните ограничувања на понудата поврзани со пандемијата, како и евентуалниот побрз и поцелосен пренос на растот на цените на инпутите врз финалните цени на производите“.

Ваквиот тренд на ценовен раст во земјава е очекуван со оглед на тоа што на светските берзи веќе се регистрирани “пик“ цени на основните прехранбени производи и суровини за производство – највисоки во изминатите седум години. Според податоците од Организацијата за храна и земјоделство шеќерот е поскапен за 60%, житариците за 26%, а маслата за 24,1%.

Со растечка инфлација се соочуваат и земјите од регионот, во Србија, во април, на месечно ниво регистрирана инфалција од 1,1% додека на годишно ниво од 2,8%. И светските економии се соочуваат со растечка инфлација – На годишно ниво, во април, во САД е регистрирано зголемување за 4,2 проценти што е најголем ценовен пораст од септември 2008 година. Додека статистиките бележат раст на цените, вредноста на “денарот“ се топи под напливот на поскапувањата. Повеќе од 42% од трошоците на живот пресликани преку Синдикалната кошница на ССМ се за исхрана и пијалаци, а скоро 32% за домување – што значи дека дури 74% од трошоците се за сметки и храна.

Трошоци за живот (ССМ) – април

Исхрана и пијалоци 14.332,46 денари

Домување 10.809,32 денари

Хигиена 2.386,00 денари

Превоз 2.503,83 денари

Останатиот дел од трошоците отпаѓаат на Облека и обувки, Култура и Одржување на здравје.

„Синдикална кошница за месец април 2021 година е зголемена за 204,00 денари во однос на претходната за месец март 2021 година поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април и тоа на исхрана и пијалоци за 1,2%, Облека и обувки за 1% и Хигиена за 1,1%“

Според пресметките на ССМ за да се овозможи „елементрана “ месечна живеачка потребни се 33.976 или 550 евра.

Извор: Порталб.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk