logo
logo
logo

Делегат на СДСМ од Центар Жупа

„Функционери на СДСМ се однесуваат своеволно и РАБОТАТ ЗА ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ“ (АУДИО)

Vecer | 18.05.2021

„Функционери на СДСМ се однесуваат своеволно и РАБОТАТ ЗА ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ“ (АУДИО)

Функционерите на СДСМ работат своеволно, гледајќи ги личните интереси, и заборавија на некои општини и со чија мака и пожртвуваност дојдоа на тие позиции, вели  Хазафер Амбруловски од Центар Жупа на 26 конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

Неговото обраќање се најде во едно од видеата кои се појавија на социјалните мрежи, а тој говори како општините како Центар Жупа се целосно заборавени и не почувствувале дека СДСМ е на власт.

„Издржавме по улиците, пред институциите, издржавме по камповите, боси, гладни и успеавме. Но парадоксот кој што следуваше уште се чувствува во овие општини е тоа што сите учесници од овој макотрпен процес се оставени на маргините и непочувстуваа дека СДСМ е на власт. А тоа е така почитувани другари затоа што сите избрани раководни кадри на партијата именувани функционери од партијата во јавната и државната администрација заборавија со чија мака и пожртвуваност дојдоа на тие позиции и се одлучија да работат своеволно гледајќи ги само личните интереси.“ вели тој.

Аудиото може да го слушнете тука

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk