logo
logo
logo

Џамбаски го нападна хрватскиот претседател ЗАТОА ШТО ЈА БРАНЕШЕ МАКЕДОНИЈА

Vecer | 18.05.2021

Џамбаски го нападна хрватскиот претседател ЗАТОА ШТО ЈА БРАНЕШЕ МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски реагираше на изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој ја критикуваше Софија за нејзиниот став кон Македонија.

Милановиќ изјави дека се спротивставува на барањата на Бугарија кон Македонија. Според хрватскиот претседател,  бугарските барања за промена на учебниците за националното потекло може да се окарактеризираат како обид за „влегување во интимниот простор“ на странска земја.

Според Џамбаски, крајно е неодговорно од страна на Милановиќ да се обвинува Бугарија дека се обидува да и наштети и понижи Македонија.

„Претседателот на Хрватска е револтиран од фактот дека злонамерни постапки, од негова гледна точка, доаѓаат од земја членка на ЕУ. Јас сум револтиран од фактот дека една држава на ЕУ целосно несоодветно напаѓа друга земја на ЕУ и зазема категорична позиција во спор што нема никаква врска  со неа“ напиша Џамбаски на Фејсбук.

Тој додаде дека им се обратил на претседателот на Бугарија и шефот на дипломатијата со покана за заштита на националните интереси на државата и побарал објаснување за изјавата на Милановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk