logo
logo
logo

Само Скопје има над 1.000 активни заразени - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА ДРУГИТЕ ГРАДОВИ

Vecer | 17.05.2021

Само Скопје има над 1.000 активни заразени - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА ДРУГИТЕ ГРАДОВИ

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 62 случаја на заболени од Ковид-19. Починаа 14 лица, а оздравени се 245 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата изнесува 154.698. Бројката на оздравени пациенти е 145.851, а на починати е 5.211. Има вкупно 3.636 активни случаи.

На инфективните одделенија низ болниците во државата и во Скопје се лекуваат вкупно 514 пациенти. Има околу 740 слободни кревети во ковид центрите.

Од Министерството посочија дека поради намален број на болни, затворени се дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во Скопје, во текот на вчерашниот ден беа хоспитализирани 17 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19.

Според извештаите од болниците низ државата, во болницата во Битола заклучно со вчерашниот ден, хоспитализирани се 35 пациенти, во болницата во Штип 36 пациенти, на инфективното одделение во Тетово седум пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19

Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизацијата. Почна вакцинација и на пациентите со дијализа и трансплантација, а надлежните порачуваат дека најлесен начин за вакцинирање е преку пријавување на веб-страницата „www.vakcinacija.mk“.

Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40-годишна возраст од Скопје, кои до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб-страницата на Министерството за здравство.

Како што соопшти вчера министерот за здравство, Венко Филипче следните денови и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст, кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање преку оваа веб-страница.

Почна и вакцинација на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација.

-Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk, информираше вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

Со 100.000 вакцини од кинески „Синофарм“, кои пред два дена пристигнаа во земјава како донација од кинеската Армија, се очекува имунизација на населението да оди согласно предвидената динамика.

Надлежните посочуваат дека до крајот на следната недела се очекува да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани кои ќе имаат приоритет пред помладите.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68242, активни 1475

Куманово 8778, активни 339

Прилеп 8262, активни 165

Тетово 7189, активни 127

Битола 6268, активни 243

Велес 5463, активни 99

Гостивар 5159, активни 64

Кавадарци 5147, активни 54

Охрид 4983, активни 203

Штип 4953, активни 78

Струмица 4100, активни 107

Струга 2969, активни 77

Кочани 2775, активни 59

Кичево 2538, активни 86

Гевгелија 2190, активни 37

Неготино 2179, активни 26

Свети Николе 1518, активни 44

Ресен 1233, активни 47

Крива Паланка 1218, активни 14

Радовиш 1136, активни 58

Берово 1026, активни 9

Делчево 967, активни 28

Дебар 938, активни 8

Виница 872, активни 68

Пробиштип 789, активни 19

Валандово 665, активни 7

Богданци 493, активни 9

Крушево 488, активни 25

Демир Хисар 396, активни 22

Демир Капија 396, активни 3

Кратово 367, активни 15

Македонски Брод 356, активни 1

Пехчево 266, активни 2

Македонска Каменица 247, активни 18

Дојран 132, активни 0

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk