logo
logo
logo

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИТИКИТЕ НА МИЛА ЦАРОВСКА

"Ова сме ние, драга Министерке и нема да дозволиме да го уништите образованието и нашата иднина!"

Vecer | 15.05.2021

"Ова сме ние, драга Министерке и нема да дозволиме да го уништите образованието и нашата иднина!"

Поголем број граѓани денеска излегоа на протест против донесувањето на новиот Законот за учебници, со кој меѓудругото се предвидува дигитализација на учебниците.

Протестоти се оддржа во повеќе градови низ Македонија. Освен во главниот град каде протестот започна од пред Министерството за образование на улица излегоа и граѓаните на Прилеп, Битола, Струмица, Куманово, Штип, Тетово…

Имено, обединети под иницијативата „Учебници и настава мора да има“ бараат референдум за да се изјаснат за образовните реформи.

„Се потрудивме да предложиме решенија на измени на законот за да има реформи по мерка на ученикот, но надлежните се глуви на нашите барања. Сакаат преку демагогија да ни наметнат реформи што не се во интерес на нашите деца. Покренуваме иницијатива за стопирање на овој закон со протести, а потоа иницијатива за референдум против законот“, изјави претходно Драгана Спасевска од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ во најавата за протестите.

Освен пораки против дигиталните учебници, на протестот има и транспаренти „Стоп за родова и полова сензитивност“, „Стоп за воведување сексуално образование“, „Стоп за укинувањето на историјата како предмет“…

За МОН апсурдно е да се протестира против напредок во образованието

Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, соопшти Министерството за образование.

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана. Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование, кои ги наметнуваат развиените општества, се вели во соопштението.

„Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот. Законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив, примената на електронски уред за совладување на одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување на податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства. Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од истиот, согласно планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од различни одделенија во следните 5-6 години. Во меѓувреме, до усвојување на законот секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои МОН како и досега со должно внимание ќе ги разгледува, земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците“, наведено е во соопштението.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk