logo
logo
logo

НАПАДНАЛЕ МАЖ И ЖЕНА во сопствениот двор, ЈА ИСКРШИЛЕ и колата од синот

Vecer | 13.05.2021

НАПАДНАЛЕ МАЖ И ЖЕНА во сопствениот двор, ЈА ИСКРШИЛЕ и колата од синот

Семејство од Гази Баба било нападнато во сопствениот дом заради недоразбирање околу должничко-доверителски односи со синовите, соопштија од МВР.

Како што се вели две лица најпрво го оштетиле возилото на еден од синовите, а потоа  со тврди предмети физички ги нападнале П.Т и неговата сопруга.

„ На 12.05.2021 во 18.00 часот во Полициска станица Гази Баба, П.Т.(66) од Скопје пријавил дека во 15.20 часот во нивниот двор со неговата сопруга биле физички нападнати од две лица, кои употребиле тврди предмети, откако претходно го оштетиле паркираното возило „алфа“, сопственост на нивниот син. Според пријавеното, најверојатна причина е недоразбирање околу должничко-доверителски односи со нивните синови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk