logo
logo
logo

Дали убиениот во мафијашката престрелка во Бутел, Камер Идризи е близок до раководството на СДСМ?!

Vecer | 13.05.2021

Дали убиениот во мафијашката престрелка во Бутел, Камер Идризи е близок до раководството на СДСМ?!

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во пукањето што се случи синоќа околу 22 часот во скопската населба Бутел, на булеварот „Босна и Херцеговина“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=hcFXHMGyXcQ&feature=emb_imp_woyt[/embed]

Според досегашните сознанија, непознато лице испукало неколку истрели од возило во движење во правец на возило „голф“, во кое се превезувале две лица. Неофицијално, убиен е Камер Идризи (42), а негов роднина се бори за живот.

https://www.youtube.com/watch?v=syqq4BHCpHY

Идризи и стана познат на македонската јавност по инцидентот во 2019 година што се случи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Тогаш неколку маскирани лица кон него испукаа десетици куршуми.

На социјалните медиуми се шпекулира дека убиениот Идризи бил близок со раководството на владејачката СДСМ и градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски.

Од МВР најавуваат повеќе детали во текот на денов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk