Претседателот на ЕПП, Доналд Туск денеска оствари телефонски разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по кој и порача на власта да почне да соработува со опозицијата.

Туск воедно бара да се засили борбата против корупцијата и да се овозможи независен судски систем во Македонија.

„Плоден телефонски разговор со Христијан Мицкоски, лидер на партијата член на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме за легитимните проблеми на опозицијата каде подвлеков дека мора да има фер и слободни локални избори. Владејачката партија мора да соработува со опозицијата, да ја зајакне независноста на судството и да засили борбата против корупцијата“ напиша Туск на Фејсбук

Fruitful call with Hristijan Mickoski, leader of EPP Member Party VMRO-DPMNE. We discussed legitimate concerns of the…

Posted by Donald Tusk on Wednesday, May 12, 2021