logo
logo
logo

Увоз на корупција

Губитници, муватори и профитери ја сардисаа Македонија!

Vecer | 11.05.2021

Губитници, муватори и профитери ја сардисаа Македонија!

Ќерката-фирма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија со струја е назначен надворешниот советник на премиерот Александар Обрадовиќ.

Обрадовиќ е поранешениот директор на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, а во Македонија ја вршеше функцијата надворешен соработник за економски прашања на премиерот во првиот мандат.

Неговото име се споменуваше како прв избор за директорското место во ЕЛЕМ, но под притисок на јавноста, Обрадовиќ не ја доби таа функција во 2017 година.

Никому не е ејано со кои аргументи се оправдува поставувањето на контраверзна и скандалозна личност во струката и јавноста планира за директор на ЕЛЕМ трејд, човекот кој бил сменет од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради неодговорно работење, обвини ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година.

Според српските медиуми дотичниот Обрадовиќ не е познат по своето работење во Електропривреда Србије каде не постигнал никкави резултати, туку по злоупотребата на функцијата за луксузен живот и многу потрошени пари за скапи автомобили и естрадни српски старлети и ѕвезди, што е една од причините за негова смена и потсмев во јавноста на Србија.

ЕЛЕМ е фирма која управува со хидроцентралите во Република Македонија, со термоцентралите, ветерници, и голем број стопански субјекти, фирма која во себе има вработено 4800 лица. Самото тоа бара раководтсво од редот на искусни професионлаци посветени на својата работа, а не ан старлети и скапи автомобили платени од фирмини или државни пари.

Естраден менаџер и директор на електросистем ги наплаќаат услугите

Поранешниот директорот ЕПС (српското електростопанство) Александар Обрадовиќ, кој беше сменет од таа функција поради низа скандали и сомневања за проневерени пари додека ја извршувал функцијата, со согласност од сите министри во првиот состав на владата на Заев, поради посебен придонес за државата добил државјанство на Република Македонија во 2017 година.

Заслуги на Обрадовиќ за државата Македонија никогаш немало, ниту сега ги има, освен што Александар Обрадовиќ, заедно со уште две лице, првиот во ликот на контраверзниот естрадниот менаџер Зоран Башановиќ но, и газдата на српски Курир, Александар Родиќ му помогна на Зоран Заев преку организација на пропаганда да дојде до премиерското место во време на протестите за смена на тогашната власт. Обрадовиќ и Башановиќ, сменети и компромитирани во Србија и од српската власт, се сметаат за главни советници на Заев да гради лоши и непоријателски однсои со српскиот претсдеател Вучиќ кого Заев, пос нивни совет, го именуваше Вучиќ како диктатор.

Услугата од Обрадовиќ и Башановиќ кон Зоран Заев е лична, а плаќањето е од државна сметка.

Иако нема ниту еден основ за македонско државјанство Александар Обрадовиќ до МВР поднел барање за државјанство по итна постапка, а барањето било оценето позитивно и проследено до владата на одобрување. МВР во образложението се повикува на членот 11, каде стои дека лице може да се стекне со статус државјанин на Македонија ако тоа претствавува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес, објави тогаш српски Информер. Обрадовиќ не е виден во ниту еден од наведените основи.

Промашено осигурување, штета од 300 милиони евра!

Александар Обрадовиќ како директор нанел голема штета на Електропривреда Србија, објавуваа српските медиуми. Во време на големите поплави во Србија во Колубара беа поплавени багери во базенот за јаглен, поради тоа што претпријатието кај што тој беше директор не ги осигурало истите, компанијата изгубила скоро 300 милиони евра.

Иако истакнат член на партијата на Александар Вучиќ, Обрадовиќ беше итно сменет од директорската функција поради своето неодговорно однесувањето и создавање големи штети, пишува Блиц.рс. Во такви услови Обрадовиќ правел големи трошоци за личен луксуз, како купувањето на два скапи автомобили Ауди, во време кога во Србија имало мерки за штедење.

Со тоа што немал осигурување на опремата на ЕПС од поплави, во мај 2014 година, кога цела Србија беше под вода од полавите направена е спомната штета од околу 300 милиони евра. Обрадовиќ, односно Епектропривреда Србије (ЕПС)  имале осигурителни полиси кај „Дунав осигурување“ и кај ДДОР Нови Сад, но тие не покривале штети од поплави.

Компанијата имала загуби, Обрадовиќ троши 2 милиони евра за советници

Во средината на 2013 година Обрадовиќ и покрај загубите на компанијата од околу 20 милиони евра, распиша тендер за ангажирање на осум консултантски куќи за кои беше спремен да плати околу износ од 10 милиони евра, за на крај да потроши 2,1 милиони евра “за совети“ од своите пријатели. Обрадовиќ барал советници кои би му помогнале во работите иако ЕПС на разни нивоа имале 600 директори и експерти со искуство.

Но, трошењето големи јавни пари за свои пријатели не завршува тука. За промена на визуелниот идентитет на ЕПС платил околу 42 милиони динари (350.000 евра) . За логото на ЕПС платил 21 милион (околу 180.000 евра!), и уште 170.000 евра за промоција на новото лого.

Србија, во Александара Обрадовиќ, го имала својот Љубомир Фрчкоски кој, по истиот модел, плаќаше по 10.000 долари на свои пријатели за лого на возачки дозволи, и за лого на министерствоито за надворешни работи. За разлика од Македонија, Србија по само две години од поставувањето за директор на ЕПС, во 2016 година го смени и набрка Алекснадар Обрадовиќ кој најде свои истомисленици - во Макед0нија.

Следи низа на коруптивни договори од Александар Обрадовиќ со фирмата во која порано работел, пред да биде директор на ЕПС, со ангажман на хотели без тендер...

Скандали, скандали, скандали...

Ја смени главната соработничка за односи со медиумите, затоа што не успеала да ги сопре текстовите на „Блиц“ во кои тој бил главен скандалозен актер. Неа на местото шеф на Секторот за односи со медиуми, ја замени познатата ТВ ѕвезда, поранешна уредничка и водителка на Телевизија „Прва“, Звездана Јовановиќ Поповиќ.

Иако српската влада јавно ги повика своите функционери, меѓу кои и директорот на ЈП ЕПС Александар Обрадовиќ, во време на државно штедење да не провоцираат со луксуз, Обрадовиќ замина на одмор во Црна Гора во хотел каде дневен престој чини околу 1600 евра и навлече гнев во српската јавност.

Александар Обрадовиќ на почетокотна својот мандат покажа склоност кон естрадните и познати личности. Имено, тој како свој асистент ја вработи Драгана Милошевиќ, која на таа функција дошла со искуство на балерина во продукцијата Гранд.

Ликот и делото на Александар Обрадовиќ го опиша и српскиот угледен неделник Време https://www.vreme.com/cms/view.php?id=1374570 

https://pink.rs/domaci/28654/zbog-nje-je-ostavio-zenu-i-decu-evo-koju-ucesnicu-rijalitija-je-smuvao-bivsi-direktor-eps-a-foto

https://www.blic.rs/vesti/politika/smenio-ga-vucic-zaposlio-zaev-bivsi-direktor-eps-postao-savetnik-makedonskog/6g7evhx

После се, Македонија овој лик го смета за заслужен, му доделува државјанство по итна постапка, и го поставува за директор во ЕЛЕМ. Вратите на Европа ни се уште повеќе отворени со ваквите луѓе на јавни функции, а борбата против корупција добила уште една победа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk