logo
logo
logo

Муцунски

Заев брусеше шахти за да го исполни Преспанскиот, зошто да му веруваме дека ќе го заштити јазикот

Vecer | 11.05.2021

Заев брусеше шахти за да го исполни Преспанскиот, зошто да му веруваме дека ќе го заштити јазикот

Овој спор кој што е наметнат од Бугарија, кој што е противправен, кој што е нерационален, кој што е навредлив има четири аспекти, јазикот, идентитетот, историјата како клучен аспект на идентитетот и една тема за која што сите ја запоставуваат за да зборуваат, а тоа е заштитата на националните малцинства, вели Тимчо Муцунски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ 24 кој додава дека за заштита на националните малцинства не гледаме ниту еден коментар.

Муцунски посочи дека тешко со оваа  техничка влада во Бугарија ќе се изнајде решение.

„Јас сега ќе потсетам дека ние како политичка партија многу подолг период алармиравме за потребата од антиципирање на овие позиции на Република Бугарија, тогаш ако се сеќавам добро лани во мај или јуни јас лично бев обвинет од Центарот за комуникации на СДСМ дека ширам лажни вести, по однос на таквото предупредување сега излегува дека некој друг ширел лажни вести“, рече Муцунски.

Тој се осврна и на Преспанскиот договор  и посочи дека Заев посегна да се брусат и шахти за да се исполнат точките од Преспанскиот договор, поради тоа во такви политичари како што Заев не му верувам бидејќи тој еднаш се одрекна од се македонско, вели

Муцунски посочи дека иако Заев во интервјуто за Катимерини рече „Да ја одредуваш историјата на друга нација во 21 век не е во согласност со европскиот дух бидејќи треба заедно да градиме иднина, како и дека за Македонија со придавката „С“, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја и било какви интервенција во македонскиот идентитет е неприфатливо“, сепак Преспанскиот  експлицитно во својата содржина има откажување од историја, има откажување од национални малцинства, има ред низа последици низ нашиот институционален систем“, потсети Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk