logo
logo
logo

Скопското крило на СДСМ НА ИЗБОРИ ПРОТИВ ЗАЕВ, дали ќе има независни листи за локалните?!

Vecer | 08.05.2021

Скопското крило на СДСМ НА ИЗБОРИ ПРОТИВ ЗАЕВ, дали ќе има независни листи за локалните?!

Во декември поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски му се спротивстави на Зоран Заев по интервјуто дадено за БГНЕС и го повика членството исто така да се откаже од Заев. Црвенковски воедно и го замрзна членството во партија.

По неговото писмо, следеа и бројни несогласувања со Заев од страна на старото членство или во јавноста познато како „скопско“ крило, а сега се погласни се најавите за настапи со независни листи на локалните избори, па дури и формирање на партија.

Алфа објави дека Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Зоран Јовановски, Софија Куновска, се дел од лицата на скопското крило кое може да формира нова струја настрана од матичната СДСМ која ја води премиерот Зоран Заев, и тоа уште на претстојните локални избори.

Според Алфа неофицијално по скопските кафулиња, не во партиските штабови, видни локални партиски ликови, почнале да разговараат за формирање независни советнички листи, по примерот на оние од Охрид.

Веќе извесно време е јасно дека расколот во СДСМ се продлабочува. Почна да станува јасно уште од моментите кога почна препукувањето со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Тој најави дека на локалните избори ќе оди по нов мандат, но останува нејасно дали ќе има поддршка од својата партија.

Во разговор за Алфа тој не сакаше да одговори прецизно на прашањето, дали би одел како независен доколку СДСМ не го поддржи, велејќи дека очекува партијата да го донесе најдоброто решение и да биде зад него во октомври.

-Во мојот случај бидејќи веќе најавив дека имам амбиции да се натпреварувам за нов градоначалнички мандат, повеќе од сигурен сум дека ќе ја добијам поддршката од мојата партија, затоа што пред три и пол години излеговме на избори со една програма која што во најголем дел е веќе реализирана, а содржи проекти на реализација период 2, 4, 8 години. И планирам заедно со мојот и со поддршка на мојата партија да ги доареализирам во целост сите проекти, вели Димитриевски за Алфа.

И самиот Заев е свесен за она што се случува внатре, но не обрнувајќи поголемо внимание, барем не пред камерите, изразува надеж дека единствени и обединети ќе продолжат напред и ќе успеат и на следните избори., вели Алфа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk