logo
logo
logo

По барање на Бугарија, Заев најави и утврдување на нашите корења: Ќе го направиме и тоа ама на европски начин!

Vecer | 05.05.2021

По барање на Бугарија, Заев најави и утврдување на нашите корења: Ќе го направиме и тоа ама на европски начин!

Зоран Заев за време на посетата на Ресен на увидот на нова зграда на ОВР во Ресен, коментираше и за односите и дијалогот со Бугарија.

Заев рече дека по цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ, но и натаму е оптимист на наоѓање заедничко решение со Бугарија.

„Пријателите, ЕУ, САД, се тука да сработат креативи, идеји, но наша одлука е, ние носиме одлука. По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ. Затоа ќе биде прашина изгубена низ векови. Кој тоа ќе влезе во ЕУ? Така ги постигнавме големите договори, штитејќи ја нашата посебност, јазик и идентитет. Не постои договор кој го договара како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. На крај тоа е европска вредност. Драго ми е што Бугарија признава дека немаат проблем за тие прашања. Бараат утврдување на корењата. Ќе ги утврдиме и корењата, но на европски начин“, рече Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk