Се уште е нејасно кога ќе се отворат угостителските објекти кои во моментов се затворени поради новите мерки. Иако првичните најави беа дека ќе се дозволи отворање на терасите од 28 април, сепак и тоа е неизвесно.

Според министерот за економија Крешник Бектеши се ќе зависи од епидемиолошката состојба.

Тој во „Економски магазин“ на Алсат запрашан кога би можело да се очекува отворање на кафулињата, рече дека такво нешто зависи од епидемиолошката состојба во земјата.

Бектеши не ја исклучи можноста кафулињата да се отворат следната недела ако продолжи трендот на намалување на бројот на заразени лица.

„Нема конкретна одлука на Владата, но имајќи предвид дека нема одлука за продолжување на мандатот со кој таа беше затворена, тие со голема веројатност треба да бидат отворени следната недела. Сепак, ова ќе зависи и од бројот на лица заразени со Ковид-19 и секако го чекаме и предлогот од Комисијата за заразни болести. Ние веруваме дека според трендот на инфекции, тоа најверојатно ќе се случи следната недела“, изјави Бектеши