logo
logo
logo

Лажните пасоши ГИ КОРИСТЕЛЕ НА АЕРОДРОМ И ДЕВЕ БАИР најмалку ТРОЈЦА од криминалците

Vecer | 13.04.2021

Лажните пасоши ГИ КОРИСТЕЛЕ НА АЕРОДРОМ И ДЕВЕ БАИР најмалку ТРОЈЦА од криминалците

Македонските пасоши кои се издавале на криминалци под лажни иденитети, најмалку тројца од нив ги искористиле и на скопскиот аеродром и Деве баир.

Црногорецот Стефан Ѓикиќ, кој на крајот на јануари 2020-та го добил пасошот на име Ѓерѓи Каце,  педесет дена подоцна преку Деве Баир излегол од државата со истиот тој оригинален македонски пасош.

Во мај учествувал во атентат на српско-црногорски криминалец од ривалскиот клан во Украина, а беше уапсен пред 11 месеци.

Телма објави дека на македонско-бугарскиот премин, според документ во кој имале увид стои дека Каце, алиас Ѓукиќ на 10-ти март 2020-та поминал преку Деве Баир со Албанец од Македонија, возач од Албанија ама со бугарски пасош и бугарска кола и со уште сопатничка од Албанија.

Според информации на Телма уште двајца со меѓународни потерници ама и со новонабавен македонски идентитет поминувале низ македонските гранични премини.

Јован Вукотиќ и јорданскиот бразилец Иса на трипати ја минале пасошката контрола на скопскиот аеродром со нови пасоши.

И по двајцат аимало распишано меѓународна потерница кога ги минувале границите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk