logo
logo
logo

ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА НА ТАЈНИТЕ ВЛАДИНИ ХОНОРАРЦИ? Еве еден од нив...

Vecer | 12.04.2021

ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА НА ТАЈНИТЕ ВЛАДИНИ ХОНОРАРЦИ? Еве еден од нив...

Владиниот портпарол Душко Арсовски најави дека во текот на денешниот ден ќе бидат објавени имињата на сите 58 тајни хонорарци, па во исчекување на свечениот момент еве мал осврт на работата на еден од нив. Експрес потстетува кој е новинарот Петрит Сарачини, чиишто текстови можат да се читаат на провладините портали Фронтлајн и Цивил медиа, а самиот објави дека е хонорарец во Владата.

Сарачини до 2018 година беше посебен советник на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, но и по смената на Алаѓозовски, новинарот и медиумски работник/експерт повторно беше ангажиран да работи за Владата.

Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ. Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело, изјави за медиумите во 2018 година тогашниот портпарол на Владата Миле Бошњаковски.

Колку пари добивал Сарачини, кој важи за близок на главниот советник за медиуми на премиерот Заев, Марјан Забрчанец, за своите медиумски анализи и други услуги кон владата, не се открива.

За Сарачини пред три месеци беше објавено дека бил цел на закани и говор на омраза откако на групи на Фејсбук споделувал текстови на порталот Цивил медиа.

Од Цивил медиа не пишуваат дека е медиумски експерт ниту дека е на платен список на владата. Сарачини веќе го нема во импресумот на овој и блискиот портал Фронтлајн кој ги пренесува неговите анализи и текстови.

Зошто Сарачини системски би споделувал на социјалните мрежи текстови на приватни медиуми додека добивал хонорар од парите на граѓаните засега нема објаснување ниту од владата ниту од новинарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk