logo
logo
logo

Арсовски: Дали ФИРМА НА ЗАЕВИ ЈА ПРЕНЕСУВАШЕ ДРОГАТА?

Vecer | 11.04.2021

Арсовски: Дали ФИРМА НА ЗАЕВИ ЈА ПРЕНЕСУВАШЕ ДРОГАТА?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски прашува, дали во заплената со дрога директно се вмешани Трајче Заев, но и Бобан Заев кои што се први братучеди на Зоран Заев?

- Запленета е дрога – марихуана, во вредност од над 800.000 евра, која ја превезувале возачот на Трајче Заев, Ушилковски, оној кој како што знаете на сред рекорд шерифски паркираше со Трајче Заев најнов Мајбах, додека шефот му одеше во шопинг, како и командирот на ПС Прилеп Кире Чипсио Спиркоски кој е важен кадар на СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев, вели Арсовски.

Арсовски вели дека запленетата дрога била превезувана во бело комбе со грчки таблици, на име на фирма која што јавно прашавме дали има партнерски односи со фирма на Заеви?

- Дрогата доаѓала директно од фирмата “Медикал 420” од Битола, фирма чија лиценца ја потпиша и одобри лично Зоран Заев како премиер, каде што при увидот според наши информации фалеле над 10.000 стебла со марихуана, односно тоа се повеќе од 200 килограми марихуана. Секое стебло мора да има свој евидентен број, а овде фалеле над 10.000 стебла замислете колкава е таа бројка, рече Арсовски.

Според него едноставно е да се одговори  дали комбето со кое е превезувана марихуаната од нарко дилерите Ушилковски и Чипсио е во сопственост на фирма партнер на Трајче и Бобан Заеви?

- Имаат путер на главата и затоа молчат. Ако не се веќе отидени на принуден одмор на некоја луксузна дестинација и овие двајца братучеди на Заев како што пишуваат медиумите. Па така еве и тоа да прашаме, дали можеби Трајче Заев не е заминат во Дубаи и е надвор од државата? Дополнително сакам да ја потсетам јавноста, дека Трајче и Бобан Заеви се сопственици на фирма основана во 2019 година во Петрич со име “Медикал 420 БГ”. Дали е ова случајност со овие две фирми или има и поврзаност? Тоа треба да одговорат од власта и од нарко картелот Заеви и тоа што побрзо, изјави Арсовски.

Според Арсовски овој нарко картел Заеви, како и секој друг нарко картел во светот, треба веднаш да се разбие и да заврши во затвор. Конечно државата треба да се одземе од рацете на мафијата и да се врати во рацете на граѓаните.

https://www.youtube.com/watch?v=MRP6-NIVDBM

Трајче Заев на Фејсбук се огласи дека е службено во Дубаи.

- За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка – напиша тој

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk