logo
logo
logo

Заев: Ни помогна ПауерЧајна, мајка фирма на Синохидро која ги гради патиштата

Vecer | 10.03.2021

Заев: Ни помогна ПауерЧајна, мајка фирма на Синохидро која ги гради патиштата

Владата се обидела да набави вакцини дури и преку „ПауерЧајна“ која е мајка фирма на кинески Синохидро кој ги гради автопатите во Македонија, откри премиерот Зоран Заев кој вели дека Владата се обидувала да набави вакцини против ковид-19 и преку приватни фирми, но смета дека нема незаконски дејствија или лоши намери.

Според Заев се користеле сите можни канали за набавување на вакцини.

Заев за авансот кој беше вратен рече дека кинеското Министерство за надворешни работи не ги прифатило нарачките направени преку приватни компании, додавајќи дека имале помош од „ПауерЧајна“, мајка-фирма на „Синохидро“, која што гради автопати во Македонија.

- Јас кажав, ни помогна во целата нарачка „ПауерЧајна“, која што е мајка компанија на „Синохидро“ која што ги гради патиштата во  Македонија и друга кинеска фирма во моментов и не работи на инфраструктурата, рече Заев

Додаде дека се обратиле преку таа фирма.

- „ПауерЧајна“ е еден од кандидатите, еден од деветте кандидати што поминаа за Чебрен, џиновска компанија која е во државна сопственост на Кина и, покрај кинеската амбасада, вртењето телефони, се обидувавме и преку тоа што го имаме кинеско овде, а тоа е компанијата која работи овде, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање, за време на посетата на објект во изградба во Скопје.

Заев кажа и дека на крајот се одлучило да се оди преку кинеската амбасада, односно преку кинеското МНР за да се реализира нарачката од 200.000 вакцини од „Синофарм“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk