logo
logo
logo

Две годишна агонија со несреќен крај: Скопјанецот Арбен пронајден мртов во водите на Лепенец

Vecer | 10.03.2021

Две годишна агонија со несреќен крај: Скопјанецот Арбен пронајден мртов во водите на Лепенец

По две години потрага по исчезнатиот 35-годишен Арбен Аслани од Скопје, неговото безживотно тело е пронајдено во водите на реката Лепенец во населбата Бардовци, општина Карпош.

Бекир, таткото на Арбен, за тв 21 вели дека телото го пронашол еден локален жител кој веднаш ја известил полицијата. Раскажува дека е разочаран од институциите кои, како што уверува, не преземале мерки за да откријат кој го однел неговиот син.

-Пронајдено е во еден канал, телото е делумно распаднато. Немам доверба во институциите, но ќе почекам додека да излезат резултатите од обдукцијата. Имаа многу време за да истражат, но или не сакаа, или не можеле, или толку имале можност, или пак некој ја прекинал истрагата…вели Бекир за тв 21.

Погребот на Арбен ќе се изврши в недела. Неговиот татко вели дека конечно го пронашол и може да го погреба синот.

-Со тоа што е пронајден, 50% ми е олеснат товарот. Знам каде му е местото и сега можам да ги организирам сите верски ритуали. Две години живеевме во агонија…-рече Бекир Аслани.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk